Categories
Ереб Рецензии Урсула Познански

Фантастичен трилер, во кој се мешаат фантазијата и реалноста

Книгата првпат е објавена во Германија. Во овој фантастичен трилер, случувањата од реалноста и фантазијата се мешаат. Во Лондон, од новата компјутерска игра започнуваат ексцентричните кругови. Нејзиното име е Ереб, и таа е нереално реалистична, подмолно заразна, и толку комплексна што можеби дури е жива. Инсистира да има апсолутна тајност и дискреција меѓу нејзините играчи, наградува и казнува на чудни начини, и ги регрутира играчите, така што тие слушаат за играта еден од друг. Кога Ник Данмор започнува да ја игра, тој веднаш се навлекува, ги учи бизарните правила и напредува со голема брзина. Како и да е, тој е присилен да се замисли за својата посветеност откако играта ќе почне да го покажува своето влијание во вистинскиот свет, барајќи од него да изврши „мисии“ со потенцијално опасни последици. Ник и неколку други играчи започнуваат да истражуваат кој или што се крие зад Ереб, тие откриваат дека во срцето на играта има изненадувачка, лична, крвна одмазда, што ги придвижува играчите кон нејзината крајна, насилна цел. Како што нарацијата лесно се движи меѓу вистинскиот свет и играта, Познански покрај солидните описи при создавањето на ликовите, си поигрува со очекувањата и перцепцијата, вметнувајќи фантастика, мистерија и елементи на духови во приказната. Резултатот е јасно и провокативно претставување на светот навлечен на виртуелни игри, што лесно се чита.

Извор: Publishers Weekly

Categories
Ереб Катерина Јосифовска Објава по медиуми Урсула Познански

„Бата прес“ го објави светскиот бестелер „Ереб“ од Урсула Познански

„Бата прес“ го објави светскиот бестелер „Ереб“ од Урсула Познански

Во издание на „Бата прес“ на македонски јазик се објави романот „Ереб“ од познатата австриска писателка Урсула Познански. Објавувањето е поддржано од Европската унија и Министерството за култура, во рамките на проектот „Креативна Европа“. Станува збор за светски бестселер кој досега е преведен на 36 јазици. Романот од германски го преведе Катерина Јосифовска.

„ЕРЕБ е компјутерска игра. Таа те набљудува, разговара со тебе, те наградува, те проверува, ти се заканува… Ник е опседнат со Ереб, играта што во неговото училиште се пренесува од рака на рака. Правилата се многу строги: секој има само една можност да одигра. Притоа мора да биде сам и за Ереб не смее да зборува со никој. Кој ќе ги прекрши овие правила или нема да ги исполни задачите, отпаѓа од игра и повеќе не може да почне пак. Најнеобичниот дел е што задачите на Ереб, мора да се исполнат не во виртуелниот, туку во вистинскиот свет.

Штој е всушност Ереб и што бара од играчот? Може ли Erebos, (Богот на подземјето) да убива? Дали мртвиот автор преку играта што ја измислил имал намера да убие за одмазда?“, германско австрискиот издавач кога го најавува првиот дел на романот.

„Трилер на годината!“, пишува за романот угледниот германски весник Ди цајт (Die Zeit)

Стилот на пишување на Познански стана многу привлечен за сите генерации, иако најмногу ги привлекува младите. На многу интересен начин ги обелоденува социјалните и психолошките предизвици, како и опасностите со кои човештвото се соочува при вмрежувањето на модерниот електронски, виртуелен со реалниот свет.

„Волшебен роман за млади соочени со опасностите што ги крие виртуелниот свет“, пишува Бригите магазине (Brigitte Magazine)

Романот е наградуван повеќекратно со високи признанија, меѓу кои во 2011 година беше добитник на престижната германска награда за литература за млади Deutscher Jugendliteraturpreis, како и на наградата Jugendjury.

Урсула Познански е родена во 1968 година во Виена, Австрија. Авторка е на повеќе познати прозни дела и детски книги, но исто така пишува и филмски и телевизиски сценарија.

Романот „Ереб“ е дел од проектот на „Бата прес“ под мотото „Време е за книга“, со кој наскоро ќе бидат објавени 10 мега популарни книги за млади од реномирани и европски автори од различни земји. Проектот беше прифатен во ЕУ во силна меѓународна конкуренција. Визионерската цел на проектот е времето поминато по социјалните мрежи и на електронските уреди, младите да го заменат со читање на книги во печатена или електронска форма.