Categories
Uncategorized Пирати од леденото море Рецензии Фрида Нилсон

Возбудлива приказна со многу храбра хероина и егзотичен пејзаж со мраз и снег

Оваа возбудлива скандинавска авантуристичка приказна неодамна е преведена од шведски. Еден ден кога десетгодишната Сири и нејзината сестра надвор берат бобинки, сестрата на Сири е грабната од пирати, кои ја носат да работи во рудникот за дијаманти на капетанот Белоглав. Наместо да му дозволи на нејзиниот изнемоштен татко да се обиде да ја спаси, храбрата Сири тргнува да го најде пиратскиот брод и да си ја врати сестричката.

По пат се соочува со повеќе уникатни морски ликови, вклучувајќи го и готвачот на бродот, Фредерик, кој исто така ја изгубил сестрата кај пиратите и кој ќе се спријатели со Сири. Таа запознава една мала сирена, на која Сири ѝ станува привремена мајка, и мора да победи многу противници за време на нејзиното патување до рудникот на капетанот Белоглав.

Ова е возбудлива приказна со многу храбра хероина и егзотичен пејзаж со мраз и снег. Ги содржи и прекрасните илустрации на Александер Јансон што го прикажуваат ледениот свет и неговите ликови. Фрида е најпродавана авторка во Шведска и добитничка на наградата Астрид Линдгрен, така што интересно е да се прочита на нашиот јазик. Ветуваме дека ќе ве освежи во топлите летни денови. Во оваа морска авантура најмногу ќе уживаат читателите од осум до дванаесет години.

Извор: Ангела Крокомб, Readings

Categories
Ереб Рецензии Урсула Познански

Фантастичен трилер, во кој се мешаат фантазијата и реалноста

Книгата првпат е објавена во Германија. Во овој фантастичен трилер, случувањата од реалноста и фантазијата се мешаат. Во Лондон, од новата компјутерска игра започнуваат ексцентричните кругови. Нејзиното име е Ереб, и таа е нереално реалистична, подмолно заразна, и толку комплексна што можеби дури е жива. Инсистира да има апсолутна тајност и дискреција меѓу нејзините играчи, наградува и казнува на чудни начини, и ги регрутира играчите, така што тие слушаат за играта еден од друг. Кога Ник Данмор започнува да ја игра, тој веднаш се навлекува, ги учи бизарните правила и напредува со голема брзина. Како и да е, тој е присилен да се замисли за својата посветеност откако играта ќе почне да го покажува своето влијание во вистинскиот свет, барајќи од него да изврши „мисии“ со потенцијално опасни последици. Ник и неколку други играчи започнуваат да истражуваат кој или што се крие зад Ереб, тие откриваат дека во срцето на играта има изненадувачка, лична, крвна одмазда, што ги придвижува играчите кон нејзината крајна, насилна цел. Како што нарацијата лесно се движи меѓу вистинскиот свет и играта, Познански покрај солидните описи при создавањето на ликовите, си поигрува со очекувањата и перцепцијата, вметнувајќи фантастика, мистерија и елементи на духови во приказната. Резултатот е јасно и провокативно претставување на светот навлечен на виртуелни игри, што лесно се чита.

Извор: Publishers Weekly