За проектот

#времеезакнига е проект за подигнување на свеста за вредонста на книгите со посебен акцент на младите читатели. Целта е што повеќе да читаат книги на кое било место, во кое било време и да ги оттргнат сите непотребни оправдувања за нечитање книги. Во проектот ќе бидат преведени 10 книги од различни европски автори од 10 европски земји. Проектот е поддржан од програмата на Европската Унија – Креативна Европа. Сепак, проектот има многу поширока димензија и целта е преку различни методи да се поттикнат младите да влезат во еден поинаков свет и да читаат и да го намалат времето поминато на различните дигитални уреди, особено на телефоните… или ако веќе мора да бидат приклучени на паметните телефони, да ги користат за паметни работи и да прават нешто што ќе им подобри расположението, ќе им ја подобри меморијата, ќе го збогатат речникот, ќе се забавуваат и ќе останат позитивни. Ние веруваме дека книгите се одлична можност за тоа, без разлика дали се чита преку печатена книга, е-читач или некој друг уред.