Пирати од Леденото Море

„Твојата сестра ја нема. Така се случува со оние што ги грабнува белоглавиот. Тие… повеќе не постојат.“

Тој ден кога пиратите ја грабнале сестричката на Сири, нивниот капетан – Белоглавиот, добил противник на кого не сметал. Сири се осмелила да го направи тоа на што порано никој друг не смеел ни да помисли – да тргне храбро во потрага по озлогласениот пират и неговиот таинствен рудник на дијаманти. Иако се плашела, напред ја водела помислата дека нејзината помлада сестра Мики, која била сама во светот на пиратите, била многу повеќе исплашена од неа.
Во „Пирати од Леденото Море“ се појавува студен островски свет населен со сирени, бели волци, сурови луѓе, ловци и опасни пирати.
Капетанот Белоглав едри наоколу со својот бел брод, Снежен гавран, и ги пљачкосува жителите на малите острови во Леденото Море. Но за него не се важни златото, среброто и другите скапоцености. Единствениот плен што тој го сака, се мали деца што стануваат робови во неговиот страшен и темен рудник за дијаманти. Нешто најлошо што може да му се случи на едно дете…