Мирјана Наумовски

Родена во Скопје, по студиите (1997-2002), дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на универзитетот „Кирил и Методиј“, во Скопје, на катедрите за руски и чешки јазик. Работела како симултан преведувач за руски и чешки јазик при официјални меѓудржавни разговори во Владата на Република Македонија, како и на катедрата за славистички студии на скопскиот универзитет.Преведува книжевни дела од руски и чешки на македонски јазик. Во 2012 од чешки на македонски јазик ја превела книгата „Приказни од Мала Страна“ од истакнатиот чешки автор Јан Неруда.
Од руски на македонски ги има преведено следниве
дела: „Акимудија“ од Виктор Ерофеев (2013), „Одбројани
денови“ од Фјодор Сологуб (2015), „Ленинград“ од Игор Вишневецки (2015), „Харбински молци“ од Андреј Иванов (2016), „Белата гарда“ од Михаил Булгаков (2016), „Џенем“ од Евгениј Замјатин (2016).