Катерина Јосифовска

Катерина Јосифоска е родена во 1982 година во Скопје. Основно и средно образование завршила во Скопје. Дипломирала во 2005 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрата за општа и компаративна книжевност.

Во 2006 година се запишува на постдипломски студии на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за филозофија (насока – Историја на современата филозофија). Магистрира во 2008, а во 2009 година докторира на Филолошкиот факултет во Скопје на катедрата за општа и компаративна книжевност.

          Учествува како надворешен соработник на МАНУ во неколку научни проекти. Во 2012 година е соработник на Институтот за општествени науки во Виена, Австрија. Нејзиниот истражувачки труд од областа на теоријата на книжевноста, Гробница од хартија (Набоков и окото на читателот), е објавен во 2008 година.

          Преведува од германски, шпански и англиски јазик. Во 2015 година ја добива наградата за превод Златно перо за нејзиниот превод на романот Човек без својства од Роберт Музил.