Калина Јанева

Калина Јанева (1981) дипломира англиски јазик и книжевност, со италијански јазик и книжевност како втор главен предмет на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“во Скопје.
По тригодишна работа во настава, на поттик од проф.
Драги Михајловски, од 2006 година посериозно му сепосветува на преводот. Зад себе има над 25 книжевни преводи, претежно од англиски на македонски, но и обратно, како и десетици стручни преводи, главно од хуманистичките области. Последниве години активно преведува книжевни дела и од италијански јазик. Во 2012 година станува активен член на Здружението на преведувачи на РМ, а од следната е дел и од организацискиот одбор на Наградата за најдобар млад преведувач Вавилон, заеднички потфат на ЗПРМ и Делегацијата на ЕУ во земјава. Во септември 2015 година станува првиот македонски говорник на годишната конференција на Mеѓународното здружение на професионални преведувачи и толкувачи, а во јуни наредната година, по приемот на ЗПРМ, станува и првиот и засега единствен македонски
делегат во Европскиот совет на здруженија на книжевни
преведувачи.