Искра Бадева

Искра Бадева е родена во Скопје во 1980 година. Како вљубеник во културата и во литературата на Северот ги има завршено студиите по скандинавистика на Софискиот универзитет во 2007 година. Живее и работи во Скопје. Преку своите преводи се надева дека ќе ја разбуди љубопитноста на македонските читатели кон историјата, секојдневјето и кон начинот на размислување на северните народи, толку далечни и поинакви од нас.