Ивица Челиковиќ

Ивица Челиковиќ (1962, Скопје) е писател и преведувач. Преведува шведска литература на македонски. Превел триесетина дела од познати шведски писатели, меѓу кои од Аугуст Стриндберг, Селма Лагерлеф, Хари Мартинсоен, Торгни Линдгрен, Биргита Тротциг, Гунар Екелоф, Астрид Линдгрен, Ласе Содерберг, Микаел Ниеми, Бодил Малмстен, Катарина Фростенсон и Јонас Хасем Кемири. Превел и еден роман од норвешки од Кирсти Блум. Преведува и македонска литература на шведски. Составувач е на антологијата „Македонска поезија“ што во негов превод на шведски е објавена во 2005 година. Автор е и на девет авторски дела, поетски збирки и романи: Школки во рацете (поезија, 1990), Долги граници со небото (поезија, 1992), Метаморфози на патот (поезија, 2002), Зад источната линија (роман, 2004), Возови во пајакова мрежа (поезија, 2006), Праг и огледало (поезија, 2008), Во ѕидот знак (поезија, 2010), Сенки на северот (избор од поезијата, 2013), Skuggor bakom muren (поетски избор во превод на шведски, 2014), Седмиот ден (роман, 2014), Во друга светлина (поезија, 2015). Добитник е на петгодишна работна стипендија за периодот 2016-2020 година од шведскиот Писателски фонд, која му е доделена за неговото авторско творештво, како и за посебниот придонес во преведувањето на шведската литература на македонски јазик.