Емилија Мајсторова

Емилија Мајсторова е преведувачка од современ грчки јазик на македонски јазик. Дипломирала Општа и компаративна книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 1985 година. Дипломирала и на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, на Отсекот за современа грчка филозофија. Во 1999 година магистрирала книжевност на Филолошкиот факултет во Загреб, Хрватска. Во своето дваесет и петгодишно преведувачко искуство најчесто преведувала книжевни дела, како и научни трудови и поезија.

Меѓу нејзините најзначајни преводи се следниве: „Чудото на здивот“, Димитрис Сотакис (2013); „Ловци на пурпур: антологија на новогрчка поезија (2014); „Експеримент“, Мирто Азина Хрониди (2015); Бог ми е сведок“, Макис Цитас (2016) и многу други.