Дина Кувата (Димо Димчев)

Ароманскиот писател, преведувач, фолклорист, лексикограф Димо Н. Димчев, (Дина Кувата) е роден на 9

јули 1952 година во Штип. Дипломирал на Економскиот
факултет во Скопје, а паралелно студирал на Катедрата
за класични студии на Филозофскиот факултет каде го
изучувал латинскиот јазик. На Филолошкиот факултет на

Катедрата за романистика ги завршил студиите по романски јазик.

Од 1993 година работи во Македонското радио во редакцијата за влашки јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1992 година и објавил поголем

број на песни, раскази, книги за фолклорот, речници и

учебници. Негови песни се преведени и објавени на македонски, француски, италијански и романски јазик, а застапен е во повеќе антологии на ароманската поезија.

Преведува од македонски, романски, аромански јазик

и од светската литература. Превел и препеал над 40 наслови на книжевни дела, уредува и приредува голем број на

антологии, литературни списанија, речници и други лексикографски изданија. Од романски на македонски јазик

превел седум романи, една книга на есеи за македонската
поезија и единаесет книги песни.