Ацо Пероски

Ацо Пероски дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во 2008 година магистрирал, а во 2009 година докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Од 2005 до 2010 работел како надворешен соработник и истражувач во Македонската академија на науките и уметностите. Преведува од англиски, француски, српски, хрватски јазик. Има преведено повеќе од 50 дела.

Меѓу најзначајните негови преводи се вбројуваат: „Испратете ги мртвите“ од Хилари Мантел (2017); „Небесни тела“ од Еленор Катон; „Колку беше доцна, колку доцна“ од Џејмс Келман; „Коскени часовници“ од Дејвид Мичел (2017); Приказна за суштината на времето“ од Рут Озеки (2017); Станица единаесет од Емили Сент Џон Мандел (2017); Уна и Селинџер – Фредерик Бегбеде (2017); „Случајно“ од Али Смит (2016); „Во шумата“ од Тања Френч (2016) и „Единственото сеќавање на Флора Бенкс“ од Емили Бар.