Андонис Георгиу

АНДОНИС ГЕОРГИУ е роден 1969 година, во Лимасол. Студирал на Правниот факултет во Москва и работи како адвокат во Лимасол. Пишува поезија, проза и е еден од уредниците на книжевното списание „Анев“. Ги има објавено следниве книги: стихозбирката „Минута до полна месечина“, збирката раскази „Сладок Bloody Life“ („Државна награда за краток расказ“, 2016 год.). Учествува во колективното издание на краткиот расказ „Имиња“, Кедрос, Атина 2008, како и во други колективни изданија на раскази и поезија. Поставени се неговите драмски дела: „Мојата омилена машина за перење алишта“ (2007, Награда наТеатарското здружение на Кипар), „Пациентка“ (2009), „Нашата градина“ (2011). Негово последно театарско дело е „La belote“ (2012).

Романот „Албум приказни“ е добитник на „Државната награда за роман“ за 2014 год. и на „Европската награда за литература“ во 2016 год.