Албум приказни

Романот „Албум приказни“ е добитник на „Државната награда за роман“ за 2014 год. и на „Европската награда за литература“ во 2016 год.

          „Албум приказни“ претставува полифонијски наратив што го создава умот на целокупната нација на Кипар. Смртниот случај во семејството го одмоткува клопчето приказни кои што говорат за животот, смртта, љубовта, војната, бегалците, како на индивидуален така и на колективен план. Приказните патуваат од фотографија на фотографија; на тоа патување минуваат низ дневниот печат, книжевните класици, книшки со рецепти и лични преписки. Ова е историјата на едно место раскажана од агол на неговите жители.

          Во ова дело секоја востановена форма е разорена; не постои централна приказна ниту единствен заплет, не постојат главни и споредни ликови, не постои главен наратор ниту доминантна фокализација која што ја држи наративната нитка или ќе ги претстави нештата од еден конкретен агол. Авторот претпочита множество од гласови, дијалози, сведочења, текстови, пружајќи им на нештата слобода да говорат самите за себе.